Свет
14. December 2016 - 10:00

ОН не учествуваат во плановите за евакуација од Алепо, но се подготвени да помогнат

Обединтите нации соопштија денеска дека не учествуваат во плановите за евакуација на бунтовниците и цивилите од источно Алепо, но и покрај тоа се подготвени да помогнат.

- ОН се подготвени да го олеснат доброволното и безбедно евакуирање на ранетите, болните и граѓаните кои се во ризик од опколените делови на градот, се наведува во соопштението на Канцеларијата на ОН за координирање на хуманитарните прашања. 

Францускиот министер за надворешни работи Жан Марк Еро коментира дека нејаснотиите околу евакуирањето на бунтовниците и цивилите од источните делови на Алепо ја покажуваат неопходноста од присуството на набљудувачи на ОН.