Не се вакцинирам
Новак Ѓоковиќ даде ексклузивно интервју за Би-би-си во кое зборуваше за ситуацијата со вакцинацијата во која се нашол, сагата по која беше депортиран од Австралија и на крајот испрати порака дека не се планира да се вакцинира доколку тоа е услов, без разлика дали тоа би значело и губење на трофејот за него.
Новак Ѓоковиќ рече дека повеќе би сакал да ги пропушти идните тениски трофеи отколку да биде принуден да се вакцинира против Ковид-19.
„Не сум антиваксер, но ќе ги жртвувам трофеите ако ме присилат да се вакцинирам“, рече, меѓу другото, Ѓоковиќ.
Тој потврди и дека е подготвен да се откаже од шансата да стане статистички најдобар тенисер на сите времиња.
„Бидејќи принципите на донесување одлуки за моето тело се поважни од која било титула или што било друго. Се трудам да бидам во склад со моето тело што е можно повеќе. Никогаш не сум бил против вакцинација. Разбирам дека на глобално ниво сите се обидуваат да вложат големи напори за да се борат против овој вирус, се надевам ќе го видиме крајот на овој вирус набргу“.
Ново на Сител
-
Солопатување: Добри и лоши страни
-
Реал Мадрид тргнува по Вилијам Салиба
-
Трамп: Ја спасувам Украина, доколку војната со Русија продолжи таа брзо ќе биде уништена
-
Времето утре наутро посвежо, преку денот сончево и потопло
-
Силен земјотрес со јачина од 6,2 степени во близина на Нов Зеланд
-
Кремљ го отфрли предлогот на Киев за 30-дневно примирје
-
Двајца битолчани украле бакарен кабел и други предмети во вредност од 2.970.000 денари
-
Делегација на ВМРО-ДПМНЕ во Валенсија