Не се утврдени недостатоци во модуларните болници, се чека извештајот од германските експерти за пожарот во Тетово
Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) при вонредните инспекциски надзори во 18 модуларни болници во државава не констатирал недостатоци. Извештајот од германските експерти за пожарот во тетовската модуларна болница во кој животот го загубија 14 лица, според информациите од МВР, ќе биде доставен во рок од 10 до 15 дена, а извештаите од нашите експерти се очекуваат многу брзо да бидат готови, информираа вчера надлежните.
Од вонредните инспекциски надзори, пак, во 18 модуларни болници во државава, Државниот санитарен и здравствен инспекторат не констатирал недостатоци.
По однос на санитарно-хигиенската состојба, посочија од Министерството за здравство, извршената ДДД од овластена установа, селекција и диспозиција на медицински отпад, извршени здравствено –хигенски прегледи, обезбедени доволни количини на ЛЗО, обезбедени доволни количини на средства за дезинфекција, динамика на чистење и дезинфицирање на работните површини не се констатирани недостатоци. Во сите модуларни болници е истакнато на видно место дека е забранета посета и во моментот на надзор не е затекнато присуство на надворешни лица. Секаде има истакнат распоред на дежурства на здравствен персонал; лекари (специјалисти и специјализанти) и медицински сестри чија бројка е различна согласно капацитетот и бројот на хоспитализирани пациенти.
Предмет на надзор согласно надлежностите на ДСЗИ, како што се посочува МЗ, било: опис на модуларната болница: капацитет на болницата со број на болнички соби, болнички кревети, дополнителни простории, монентална исполнетост со број на хоспитализирани пациенти и од кога е во функција модуларната болница, санитарно хигиенска состојба на објектот; увид потврда за извршена ДДД од овластена установа; увид дали се извршени здравствено-хигиенски прегледи на персоналот; увид во делот дали и колку од персоналот се комплетно вакцинирани, начин на селекција и диспозиција на медицински отпад и договор со овластен оператор кој го подига медицинскиот отпад; број на здравствен и останат пеерсонал кој се грижи за пациентите (лекари, сестри, болничари,хигиеничари), дали постои писмен распоред на дежурства во модуларната болница; дали се почитува забраната за посета на надворешни лица. Доколку се затекне било кое лице кое е во посета задолжитежно да се евидентира во записник; увид во здравствената евиденција која се води во модуларната болница.
Трагедијата во Тетово се случи на 8 септември годинава. Починаа 14 лица сместени во модуларната болница. Во тек е истрагата што се спроведува со поддршка на германски експерти кои минатата недела беа во Тетово, направи увид и се чека нивната експертиза.
Ново на Сител
-
МЗ: Северна Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство - „Жолто копче“
-
Се постапува за утврдување случаи со дивоградби, вели Тошковски
-
Почната постапка за промена на повеќе закони за ставање во функција на системот „Безбеден град“
-
Руски напади со дронови врз повеќе места во Украина, Киев гаѓаше цели во јужна Русија
-
Трамп го потпиша „Големиот прекрасен закон“
-
Тошковски: Секој кој се осмелил да краде од народот ќе се соочи со одговорност
-
Додик сослушан во Обвинителството на БиХ во Сараево, притворот му е укинат
-
Мицкоски: Расте македонскиот извоз, повеќе пари за граѓаните