Не сака да глуми, но со својата професија го прехранува семејството
Бела Торн (19) се прослави во Дизниевата ТВ серија „Shake It Up“, но признава дека воопшто не уживала во снимањето.
Имено, младата глумица во едно интервју изјави дека нејзината мајка Тамара сама ги одраснала неа, нејзините две сестри и нивниот брат.
- Не сакав да одам на аудицијата за серијата. На пробата реков: „Не танцувам, не пеам, немам слух, а и не сум духовита. Дури не ни знам зошто сум овде“. Сите почнаа да се смеат оти мислеа дека се шегувам, рече таа.
На ангажманот во серијата ја натерала потребата за пари, а не желбата.
- Ќе завршевме на улица да не ја прифатев улогата. Живеевме на купони и тоа е се што јадевме. Можеби некому нема да му делува како голема работа, но кога си самохрана мајка со четири деца, тоа навистина е „за никаде“, продолжува глумицата со својата исповед.
Ново на Сител
-
Трипуновски: Се ажурира базата на податоци на педолошката карта за засејување земјоделски култури
-
Ништо ново за патот на Македонија кон ЕУ нема да донесе посетата на Калас во Скопје
-
Тема на денот со Цветан Трипуновски, министер за земјоделство
-
Екс директорот на Онкологија Нино Васев обвинет за сериозни кривични дела
-
За пожарот во Кочани досега сослушани 300 сведоци
-
13 лица осомничени за незаконско издавање дозволи за привремен престој на странци
-
Славески ќе се избира за гувернер на 3 јуни
-
Потпишан договорот за стратешко партнерство