Loading Video...
Свет
30. јуни 2023 - 12:30

Не помогна полицискиот час во Франција

Не помогна воведувањето на полициски час во делови од Франција кои беа зафатени од бран насилни протести, поради убиството на 17 годишниот французин со африканско потекло.

Третата ноќ беше најжестока досега и покрај судирите со полицијата имаше и грабежи. Не помогна ниту одлуката на француските власти да распоредат 40.000 полицајци. 

Во Нантер на местото каде што се случи убиството демонстрантите палеа автомобили, поставуваа барикади и ја гаѓаа полицијата со пиротехника. Во центарот на Париз се искршени и ограбени бројни продавници и бутици а имаше и судири со полицијата. Протести имаше и во други градови од северот до југот на Франција.

Министерот за внатрешни работи изјави дека по последните протести се уапсени над 430 лица, главно тинејџери не постари од 18 години. Поради ваквата состојба францускиот претседател Макрон денеска ќе одржи нов кризен состанок на Владата.

Немирите започнаа во вторникот откако полицаец го уби момчето Нахел кое се обидело да се одалечи со своето возило по рутинска контрола од сообраќајната полиција. Полицаецот што пукал е во притвор под обвинение за убиство.