Македонија
3. August 2017 - 11:54

Не очекува потополо време - Погледнете кога ќе биде најжешко

 
До средината на следната недела нашето подрачје ќе биде под влијание на сува и многу топла воздушна маса.
 
Ова ќе предизвика период на претежно сончево, многу топло и суво време. Во поголем дел од земјава максималната температура ќе достигнува над 35, а на места вдолж Повардарието ќе надмине и 40 степени. УВ индексот ќе биде многу висок со вредност 9.
 
Најтопло се очекува за време на викендов, кога максималната температура се очекува да достигне и 42 степена.
 
Според прогнозираните температури, од денес повеќе региони од земјава ќе бидат во портокалова фаза во однос на опасноста од високи температури.