Свет
12. October 2016 - 11:08

Не можеме да го екстрадираме Сноуден, порача рускиот амбасадор во САД

Русија не може да го екстрадира Едвард Сноуден во САД, изјави рускиот амбасадор во Вашингтон, Сергеј Кисљак.

- Немаме никакви правни, ниту морални причини да и го предадеме на Владата на САД, рече амбасадорот во обраќање на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон,

Како што јави ТАСС, тој потсети дека Русија и САД немаат спогодба за екстрадиција.