Македонија
3. July 2018 - 14:18

Не можел да се помири дека девојката му раскинала, па и приредил шок

Скопјанец присилно ја внел својата поранешна девојка во автомобилот, па ја однел во шума и ја малтретирал. Како што информираат од МВР, вчера  во 13 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје А.Д.(27) пријавила дека на 1 јули 2018 година во 18 часот противправно била лишена од слобода, од страна на поранешното момче Ф.Ќ.(22). Додека стоела на автобуската постојка на Бит-пазар, Ф.Ќ. ја повикaл да влезе во неговото возило, а потоа излегол од него и насилно ја внел во возилото со цел да разговараат за причините за прекинатата љубовна врска. Потоа се упатиле кон Парк шумата „Гази Баба“ каде физички ја нападнал. Тој и ги одзел личните документи и се оддалечил од местото на настанот, а по кратко време ја пресретнал и ја однел со возилото на бензинска пумпа каде побарала помош од вработените.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.