Живот
2. October 2015 - 16:27

Не можам да се разболам, ниту пак да се уморам - Руски научник го најде лекот за долговечноста!

Рускиот научник Анатолиј Бручков во Сибир пронашол бактерија стара 3,5 милиони години за која се верува дека може да го засили одбранбениот механизам кај човекот и да го продолжи животот „барем“ до 140 години!

Има нешто во бактеријата "Bacillus F" која им дава на клетките екстремна долготрајност и ги штити од оштетувања - вели Бручков. Научниците од тимот на Бручков го тестирале ефектот на бактеријата "Bacillus F" на глувци, потоа на човечка крв, но тоа на Бричков не му било доволно па ја вбризгал бактеријата во себе!

Вели дека ефектот е неверојатен! -

Резултатите од експериментите со глувци беа извонредни па помислив дека би било интересно да се проба на човек. Не барав долго време доброволец...

- Работам како куче а воопшто не се изморувам. Во последните две години не сум ни настинал - вели Бручков за „The Siberian Times“.

- Бактеријата ја најдовме во едно езеро, тука била повеќе од милион години. Локалните луѓе со години пијат вода од тоа езеро и - гледај чудо, живеат многу подолго од останатите! Така заклучив дека нема опасност да ја вбризгам во себе - вели Бручков.

Тој вели дека не може стручно да ги објасни ефектите кои се извонредни. - Мораме да откриеме како таа бактерија го успорува стареењето. Како може да се искористи?

Милијардерите во светот одамна бараат начин да го продолжат својот живот, нешто за што обичните луѓе поретко фантазираат. Можеби бактеријата во Сибир ќе ги направи нејзините пронаоѓачи навистина богати луѓе....