Македонија
15. November 2021 - 12:45

Не можам да одам во ДУИ додека сум член на БЕСА, вели Реџепи

Пратеникот Кастриот Реџепи на денешната прес-конференција на новинарско прашање дали би преминал во ДУИ одговори не може да помине во ДУИ додека е член на Движењето БЕСА.

-Не може да одам во ДУИ додека сум член на Движењето БЕСА. Сакам да разговараме за партиски прашања во партиските тела, а не да се прикажувам преку медиумите. Тука сум да произведувам конкретни дела, а не да се занимаваме меѓу себе. Овој чин сакам да го појаснам на партискиот форум, рече Реџепи.