Живот
30. August 2016 - 10:51

Не и се допаднала фотографијата од апсењето, па понудила поубава

Млада девојка од Австралија се прослави откако австралиски информативен портал на Фејсбук информираше за нејзиното бегство од затвор, а таа ги замоли да објават поубава фотографија.

Осумнаесетгодишната Ејми Шарп во петокот побегнала од поправниот дом Сари Хилс.

Полицијата објави соопштение со кое ги предупредува граѓаните на нејзиното бегство и порака задолжително да пријават во полиција доколку ја забележат.

Полициското соопштение, заедно со нејзината фотографија од апсењето, објавени се на Фејсбук страницата на Сиднејс 7 њуз. Но, набрзо после објавата, самата Ејми остави коментар и им приложи поубава фотографија од неа и ги замоли таа да ја користат.