-->
-->
Не ги правете истите грешки - Еве зошто на 23 години добив рак!
-->
Сара ја објави својата приказна за да ја предупреди јавноста и да посочи на најважната работа, а тоа е здравјето.
Кон средината на летото сите имаме само едно на ум: колку подобро да поцрнеме. А што ако совршениот летен тен ве чини здравје? – прашува 23 годишната Сара Фарел.
За Elite daily Сара ја објави својата приказна за да ја предупреди јавноста за можностите од нарушување на здравјето и добивање на серизни болести за кои никогаш не сте ни сонувале дека токму вам ќе ви се случат.
„Во февруари оваа година ми беше дијагностициран меланом, метастазиран во четврта фаза.Никогаш не сонував дека со вакво нешто ќе се соочам на 23 години“, пишува таа.
„Да, одев честопати во солариум. Всушност, се опаметив кога еднаш добив гадна изгореница. Тогаш имав 20 години. После тоа престанав да одам во солариуми“ – раскажува таа и додава дека доста внимавала при сончањето, барем тогаш така сметала.
Но, една единствена бенка на нејзината глава и го променила животот.
„Го одложував одењето на лекар бидејќи се плашев да отсуствувам од работа“- прераскажува. Конечно го посетила лекарот откако ја убедиле пријателите за серизноста и итноста на случајот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Има ли Македонија функционален систем за социјално-ранливите семејства?
-
Тема на денот со Синиша Пекевски
-
Железницата Куманово-Бељаковце е пуштена во употреба
-
Преглед на вестите од светот
-
Близначиња починаа од глад и студ
-
Надзорот за смртта на 9-годишното дете е во тек - Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-
Дел од маркетите ги замрзнаа цените на дел од основните производи во следните шест месеци
-
Синдикатот на УПОЗ бара средба со Владата