-->
-->
Не е тоа веќе истата куќа - ќерката на Јелена: "Дали овие луѓе се тука поради мама"
-->
Пејачката Нада Топчагиќ која вчера со сопругот Златко била во куќата на Јелена, вели дека не може да ја опише тагата и трагедијата која се случила на семејството на убиената пејачка.
- Не е тоа веќе истата куќа. Изгубив доста пријатели, и сум била на погреби, но тоа не е тоа. Порано не можевме да влеземе од волчјакот Макс, кој скокаше по два метри кога ќе не видеше. Мораше сите од куќата да го држат кога се радуваше. Веќе нема радост во него, само тажно лежи, јас велам: "Бебе мое па каде си ти". Го галам а тој само издишува, не станува.. како да чека Јелена да се појави на вратата. Не можев да верувам кога го видов - вели потресената Нада за телеграф.рс и едвај пронаоѓа зборови за да ја опише трагедијата која ја преживува малата Јана, петгодишната ќерка на Јелена.
- Едвај успеав да ја насмеам. Не можам да ви објаснам, таа бега, бега од народот од луѓето од сите. Гледа, чуствува дека нејзината мајка веќе ја нема, праша дали целиот народ тука е поради нејзе. Свесна е и паметна. Нашла некој глушец во дворот, во цвеќињата, па го носеше, како да ме плаши, а јас скокам и врискам за да се насмее со мене. Но тоа трае само неколку секунди и потоа ја наведнува главата. Нема седум осум кила а веќе е пет години. Нормално дека мајката и дедето се многу силно поврзнани, но поврзаноста меѓу Јана и Јелена, тоа ретко се гледа. Каде и да одеше Јелена, каде и да пееше ја носеше Јана - завршила Нада.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Mицкоски: Погрешна теза е дека без ДУИ ќе има има етнички тензии
-
Продолжуваат партиските активности за локалните избори
-
Кондарко: Изборите ќе течат без застои
-
Експерти од Италија и Словенија ќе испитуваат што се случувало на приватните кардиохирургии
-
Пожарите стивнуваат, штетата дополнително ќе се утврдува
-
Изградбата на депонијата во Новаци се одвива бавно
-
19-ти „Марш на ангелите“ за правда
-
Годинава се очекуваат околу 65 милиони килограми од популарната црвена пиперка ајварка