Живот
11. April 2016 - 12:07

Не е само Русија: Непознат шофер вози камион без едно тркало!

Исправни и квалитетни гуми се еден од предусловите за безбедно возење. 
 
Недостатокот на една гума очигледно не била доволна причина, овој непознат шофер да застане покрај патот. Тој на местото на задното лево тркало ставил трупец, кој за време на возењето паднал. Овој возач сигурно не размислил за својата ниту пак за сигурноста на другите учесници во сообраќајот.
 
Видеото, според сопственикот на YouTube каналот на кој е објавено, е снимено во Ливно, БиХ.