„НБСтат“ – нов статистички веб-портал на Народна банка

Официјалните статистички податоци изработени од Народната банка од денеска се достапни преку новиот статистички веб-портал „НБСтат“.
Народната банка со тоа ја напушта практиката на објавување податоци само во форма на документи во ексел-формат во делот „Статистика“ на институционалната интернет-страница и сите статистичките податоци ќе ги објавува исклучиво преку новиот статистички веб-портал „НБСтат“, изработена преку проект поддржан од Европската унија.
Од Народната банка информираат дека со „НБСтат“ се приклучува кон европското семејство на овластени носители на статистички истражувања, согласно препораките на Евростат и на Европскиот статистички систем.
– Особено значајна придобивка од пуштањето во употреба на статистичкиот веб-портал на Народната банка е што покрај стандардното следење на централнобанкарската статистика, од денес преку него корисниците ќе имаат можност за самостојно филтрирање на податоците и изготвување временски серии, како и за нивно прикажување во повеќе форми на визуализација и за нивно преземање во различен формат. На тој начин значително се прошируваат и можностите за анализа на податоците од страна на корисниците, се вели во соопштението од Народна банка.
Ново на Сител
-

Акција за разбивање за злосторничко здружување и перење пари
-

Тема на денот со Бранко Ѓоргевски
-

Кичевчани кои беа згрижени од поплавите се враќаат во домовите
-

Кој е засегнат од одлуката на САД за пауза на постапките за издавање иселенички визи?
-

Македонија се уште нема позиција за Гренланд, европски воени трупи пристигнуваат на островот
-

По лидерската средба се договара законот за прекршоци
-

Ќе се бара повторување на огласот за член на Судски по предлог на Парламентот – новите членови дадоа заклетва
-

Нема пролонгирање на почетокот на второто полугодие поради грипот - за една недела во ИЈЗ се пријавени 2322 болни
