Бизнис
31. August 2017 - 19:54

НБРМ: Странските директни инвестиции во првото полугодие близу 100 милиони евра и за 100 милиони евра се помали отколку истиот период лани

За близу сто милиони евра помалку директни стански инвестиции имало во Македонија во првото полугодие, споредено со истиот период лани.

Новите податоци на Народната банка покажуваат дека во периодот од јануари до јуни во земјава влегле 99,8 милиони евра инвестиции од странски компании.

При тоа, јуни бил месец во кој имало одлив на директни инвесетиции од вкупно 61,4 милиони евра.

Во првите шест месеци од 2017-та, послаби беа и други индикатори за економијата, како растот на брутодомашниот производ и индустриското производство, кое бележи раст во само два месеци од досегашниот тек на годината.

Владата, Народната банка и стопанствениците резултатите ги поврзува со политичката криза со прогнози за подобри бројки во претстојниот период.

По декласифицирањето на договорите за државна помош на странските инвеститори, Анѓушев повторно истакна дека постоечките договори ќе се испочитуваат. Информираше и дека на увид на заинтерсираните инвеститори се дадени и нови предлог договори.

Според најавите, новата поддршка за странски инвестиции ќе биде условена со височината на платите и соработката со домашни добавувачи.