Бизнис
29. August 2016 - 19:52

НБРМ: Се стабилизираат депозитите, се намалуваат спорните кредити

Учеството на сомнителните и на спорни побарувања во вкупните кредити во јуни значително се намали и се сведе на 7,5%, или за 2,6 процентни поени во споредба со претходниот месец.

Ова го констатира народната банка во извештајот за вториот квартал. Анализирано по сектори, намалувањето на спорните кредити е присутно и кај компаниите и кај населението.

На годишна основа, вкупните нефункционални кредити во јуни оствариле и позначителен пад - од 3,8 процентни поени споредено со истиот период од претходната година.  

Кредитите на приватниот сектор бележат солиден месечен раст од 1,5%, заклучува банката.

Во мај и јуни банкарите регистрираат стабилизирање на депозитната база. Умерен раст има на депозитите на домаќинствата, а намалување кај корпоративниот сектор.

Искористеноста на депозитниот потенцијал за кредирање во јуни била 92,7 проценти.