НБРМ објави брошура „Купување дом со станбен кредит“
Едукативна брошура „Купување дом со станбен кредит“ објави Народната банка на Република Македонија (НБРМ) во соработка со Европскиот фонд за Југоисточна Европа.
Според гувернерот на НБРМ Димитар Богов, информациите во брошурата треба да им помогнат на граѓаните при одлучување за земање кредит и на кои елементи да обратат внимание. - Каде е битно да се задлабочат, да не пропуштат нешто, каде има некои потенцијални ризици и каде има некои скриени трошоци. Секако тоа не е лесна задача ниту за оние коишто имаат економско, финансиско образование, а уште потешка задача е за граѓани коишто немаат такво образование односно се специјализирани во некоја друга струка, рече денеска на промоцијата на брошурата гувернерот Богов.
Износот на нефункционалните кредити кај станбените кредити е на најниско ниво од сите останати кредити, така што, според Богов, тоа не е главна водилка во издавање на брошурата.
- Во последните две години бројот и износот на станбени кредити се зголемува, стапките на раст се доста високи и сметаме дека граѓаните треба да бидат свесни за ризиците. Секогаш има простор за подобрување на информираноста, изјави Богов.
Примероци од брошурата ќе бидат доставени во експозитурите на сите деловни банки од каде ќе им бидат достапни на граѓаните
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари