Бизнис
12. February 2020 - 16:32

НБРМ: И покрај повисоките плати паѓа продуктивноста на работниците

Повисоката  минимална плата не ја зголеми продуктивноста кај вработените. Напротив, таа опаѓа, додека трошоците за единица труд растат,  објави Народната банка во најновиот извештај. 

Просечните плати бележат пораст, најмногу во здравстената и социјална заштита, но од аспект на продуктивноста на трудот – трендот на пад продолжува.

Тоа резултира со зголемени трошици за труд по единица производ за над 7 отсто,  пишува Централната  банка во извештајот.

Зголемувањето на минималната плата без зголемена продуктивност може да доведе до отпуштања на вработените и пораст наместо пад на сиромаштијата, предупреди и ММФ во најновиот извештај, откако претходно и Светска банка и домашните  експерtи го критикуваа покачувањето на минималецот без раст на продуктивноста.

Но власта смета дека  со повисоката минимална плата се подобрил  стандардот кај голем дел од работниците.

Синдикатот бара натамошно зголемувања на минималната плата од 14.5000 денари, со оглед на тоа дека на едно 4 члено семејство му требаат над 32 илјади 700  денари месечни  да ги задоволи основните потреби за живот.  

И Европската  Унија  се залага за фер загарантирана минималната плата, со цел да се спречи екслоатација на евтината работната сила.

Тоа би значело работниците на иста позиција да земаат иста плата, без разлика во која земја работат. Таа фер плата би им овозможила пристоен  стандард на живот.

Сепак  ваквиот план наиде  на критика во скандинавските земји, кои немаат минималец, но  исплаќаат повисоки плати од другите европски земји.