Бизнис
24. August 2017 - 19:55

НБРМ: Цените на становите паѓаат 15 месеци по ред

Цената на становите во Скопје непрекинато опаѓа 15 месеци по ред, по евиденцијата на Народната банка.

Во новиот квартален извештај НБРМ наведува дека во второто тромесечје индексот на цените на становите на годишна основа се намалил за 3,9%. Трендот се толкува во согласност со надолното  приспособување на цените на становите низ целата земја, без никакви најави за сопирање во однос на Скопје.

Банката смета дека има можност растот на понудата на станови да се стабилизира, наспроти дофицифрените стапки на раст изминатите две години заради малиот раст на изградба на станбени згради во првиот квартал и помалку изддадени одобренија за нивна градба.

Додека индексот на цените бележи значителен пад, во самата цена на становите намалувањето не е поголемо од 1,5%, сметаат во секторот недвижности.

Според нив побарувачката на вообичаено бараните локации во Скопје и натаму ја има.

Од градежната комора коментираат дека ги задржале цените на становите кои ги градат на исто ниво.

Податоци на Народната банка за кредитите, пак, покажуваат дека станбените кредити во јули имале двоцифрена годишна стапка на раст од 13,7%.

Граѓаните сега должат над 600 милиони евра по овој основ.