Кошарка
18. December 2016 - 10:28

НБА: Вестбрук - 50.ти трипл дабл

Играчот на Оклахома Сити Расел Вестбрук ноќеска беше најзаслужен за уште една победа (над Феникс 114:101) на својата екипа, откако дуелот го заврши со 26 поени, 11 скокови и 22 асистенции. Ова за него е 50.ти „трипл-дабл“ во кариерата или 13.ти сезонава. 
Од ноќешните дуели за одбележување е и 10.та победа во серија за екипата на Хјустон - 111:109 по продолжение над Минесота.