Кошарка
18. November 2016 - 9:18

НБА: Трипл дабл на Харден

Дуелот Хјустон -Портланд 126-109  беше во фокусот во НБА лигата ноќеска а главна ѕвезда беше Џејмс Харден кој го постави третиот трипл-дабл оваа сезона со 26 поени, 14 асистенции и 12 скока и тоа интересно уште до 30-тата минута. 

Целата стартна постава на “ракетите“ оствари двоцифрен учинок. Тревор Ариза уфрли16 поена од 7 скока, Клинт Капела 15, Рајан Андерсон 13 и Патрик Беверли 11 поени. Кај Портланд се истакна Си Џеј Меколум со 26 поени. 
 
https://