НБА: Рекорд на Вестбрук, пораз на Оклахома
Првиот играч на Оклахома Расел Ветбрук успеа да го постигне и 7. трипл-дабл во серија и да се израмни со легендарниот Џордан. Сепак успехот на Вестбрук мина во знак на Хјустон кој оствари победа против големиот фаворит.
Бекот на Оклахома го забележа седмиот трипл-дабл во низа и стана првиот играч во НБА-лигата, по Мајкл Џордан со најдолга серија. Ѕвездата на Чикаго Булс имаше седум трипл-дабл во низа во 1989 година. На оваа листа првото место му припаѓа на легендарниот, Вилт Чембрлен кој во март 1968 дојде до бројката од девет трипл-дабли во низа.
Инаку за Вестбрук ова беше 12. трипл-дабл оваа сезона и 49. во неговата кариера.
За жал 27 поени, 10 скока и 10 асистенции не беа доволни за Оклахома да го добие Хјустон на домашен терен, беше совладана со 99:102. Кај Рокетси кои ја забележаа петата победа во низа, Џејмс Харден имаше 21 поен, 12 асистенции и девет скока.
Ново на Сител
-

Работниците на протест за поголеми плати
-

Тема на денот со Марко Трошановски, претседател на Институт за демократија
-

Преглед на вестите од светот
-

Поминаа измените на Кривичниот законик за членот 353, гласаше и СДСМ
-

ОЈО отвори предмет по ревизорски извештај за Општина Охрид
-

Имало пријави за судијата Ристов во Судскиот совет, но Камбовски не се сеќава на наводи за мито
-

Секој втор функционер кој има фирма ја сокрил сопственоста од институциите
-

Над 70 проценти од граѓаните подржуваат членство во ЕУ
