Кошарка
20. May 2017 - 8:09

НБА плеј оф: Шампионот Кливленд убедлив против Бостон

Шампионот Кливленд постигна уште една убедлива победа во финалето на Исток откако на гости го совлада Бостон со 130:86. Кливленд поведе со 2-0 во добиени натпревари и има шанса до финалето да стигне без пораз бидејќи следните два дуела ги игра на домашен терен. Кливленд има рекордна серија од 13 победи во плеј офот.

Кливленд на полувреме водеше со 41 поен разлика што е рекордна на еден дуел од плеј офот 72:31.
Најефикасни беа повторно Леброн Џејмс со 30 поени и Кевин Лав со 21 (12 скока), додека Кајри Ирвинг постигна 23 поени. Бостон вториот дел го одигра без Ајзеа Томас, кој се повреди.