-->
-->
НБА плеј оф: Победи за Портланд и Торонто
-->
Екипите на Портланд и на Торонто постигнаа победи на ноќешните дуели од НБА плеј офот. Портланд го победи шампионот Голден Стејт со 120:108 и намали во серијата на 2-1. Најдобар на теренот беше Дамиан Лилард, кој постигна 40 поени. Голден Стејт пак играше без повредениот Стеф Кари, а Дрејмонд Грин постигна 37, а Клеј Томсон 35 поени. Следниот натпревар се игра во понеделник.
Торонто го презеде водството во победи 2-1 над Мајами откако ноќеска славеше триумф на гостински терен со 95:91.Кајл Лаври постигна 33 поени и беше најзаслужен за победата на Торонто. Во пресрет на последната четвртина резултатот беше нерешен 58:58, а четвртината гостите ја добија со 27:23. Кај Мајами Двејн Вејд постигна 38 поени, но немаше помош од соиграчите. Натпреварот број 4 се игра пак во Мајами во понеделник.
Вечерва се играат дуелите: Атланта - Кливленд (0-3 во победи) и Оклахома Сити - Сан Антонио (1-2).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведен 22-годишник, со „бмв“ возел 96 километри на час во место каде е дозволено 40
-
Царината спречи обид за криумчарење 6,4 килограми сребро на ГП Богородица
-
Одложено денешното рочиште за убиствата на Вања и Панче
-
Бездомник од Калифорнија освои милион долари на лотарија
-
ОЈО Прилеп: Прибраната документација за прилепската болница ќе се анализира
-
Приведен 38-годишник од Битола, при претрес во неговиот дом пронајдена е дрога
-
Пред натпреварот меѓу Астон Вила и ПСЖ по грешка интонирана химната на Лига Европа
-
Мурињо откри кој бил најемотивниот момент во неговата кариера