Кошарка
3. May 2017 - 8:50

НБА плеј оф: Победи за Бостон и за Голден Стејт

Екипите на Бостон и на Голден Стејт ја искористија предноста на домашен терен и остварија победи на ноќешните дуели во плеј офот од НБА лигата. 

Бостон по продолжение го совлада Вашингтон со 129:119 и поведе со 2-0 во серијата, а најефикасен беше Ајзеа Томас кој постигна за него рекордни во плеј офот 53 поени, додека кај ривалот најефикасен беше Џон Вол со 40 поени.
Голден Стејт го искористи замоерот на играчите на Јута и стигна до првата победа од 106:94. Јута играше „мајсторка“ во преходната рунда, па така Голден Стејт имаше водство во текот на целиот натпревар. Комплетната „стартна“ петорка имаше двоцифрен број поени, а најефикасен беше Стеф Кари со 22.