-->
-->
НБА плеј оф: Кливленд води со 1-0
-->

Кошаркарите на Кливленд поведоа со 1-0 во плеј-оф финалето на Источната конференција од НБА лигата. Тие ноќеска на првиот натпревар пред своите навивачи го победија Торонто со 115:84 (33:28; 33:16;29:23;20:17).
Домашниот тим победата ја навести со одличниот процент на шут во првото полувреме од 67%. Кајри Ирвинг со 27 поени беше најефикасен, додека Леброн Џејмс постигна 24 поени.
Кај екипата на Торонто најверојатно долгата серија во полуфиналето со Мајами беше причина за замор и слабото издание во првиот финален дуел во Источната конференција.
Кливленд е во серија од девет победи по ред во плеј офот и го напаѓа рекордот на Сан Антонио од 2012 година со 10 победи.
Следниот натпревар се игра ноќта четврток кон петок, повторно на теренот на Кливленд.
Вечерва играат Голден Стејт и Оклахома Сити во натпреварот број 2 во финалето на Запад, а Оклахома Сити води со 1-0
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Иванка Василевска, пратеничка на ВМРО-ДПМНЕ
-

Преглед на вестите од светот
-

Ветото е моќна алатка - Бугарските европратеници остро против новиот пристап за проширување на ЕУ
-

Мицкоски охрабрен од новите предлози на Кос
-

Не помина предлогот за минималец од 600 евра - Од 105 присутни пратеници само 13 гласаа „да“
-

Инфлација од 2,7% во септември, измери статистиката
-

И догодина ќе точиме скапо гориво?
-

Судот му одреди мерки за претпазливост на вишиот обвинител од Битола
