Кошарка
25. April 2016 - 8:19

НБА: Нова повреда за Стеф Кари

Најдобриот играч на Голден Стејт, а можеби и на сезоната Стеф Кари се здоби со нова повреда. Тој синоќа за време на натпреварот број 4 во последните секунди од првото полувреме се лизна на место каде претходно падна противничкиот играч Монтејунас. Притоа од падот тој почуствува болки во десното колено. Со помош на соиграчите стана и замина во соблекувалната.

Кари за време на полувремето се обидуваше да се загрева, но сепак лекарите решија дека тој неможе да игра и повторно замина во соблекувалната.
За тежината на повредата ќе покаже снимката по магнетната резонанса.
Инаку, Кари се повреди и на првиот дуел со Хјустон и ги пропушти следните два.