-->
-->
НБА: На стартот пораз на шампионот
-->
Новата сезона во НБА лигата започна со убедливата победа на Бруклин Нетс над Голден стејт Вориорс 125:99 и поразот на шампионите Лос Анџелес Лејкерс, во градскиот дуел со Клиперс 109:116.
Кевин Дурент се врати на терените по пауза 18 месеци и заедно со Кајри Ирвинг и Крис Ле Вет, ги предводеше Бруклин до победата над својот поранешен тим. Во раната фаза на натпреварот Бруклин обезбедија двоцифрена предност која Вориорс не успеаја да ја стигнат.
Ирвинг постигна 26 поени, а Дурент и Ле Вит по 20. На спротивната страна Стеф Кари забележа 20 поени и 10 асистенции, додека дебитантот Џејмс Вајсман постигна 19 поени.
Клиперс против Лејкерс одиграа брилијантна прва четвртина, во која стекнаа предност од 20 поени (39:19), но Лејкерс до крајот на полувремето ја намалија разликата на само два поени (54:56). По три четвртини резултатот беше 75:75. Победата, Клиперс ја обезбедија во завршницата со серија од 11 поени.
Пол Џорџ со 28 и Каваи Ленард со 26 поени ги предводеа Клиперси, додека кај Лејкерси се истакна Леброн Џејмс со 22 поени.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Кавадарчанец пронајден починат во викендичка, телото на обдукција
-
Прекумерната употреба на лекови за болка ја зголемува отпорноста кај бактериите кон лекови
-
Два пожара на отворено денеска, еден под контрола, другиот изгаснат
-
Раст на БДП во вториот квартал од 3.4 проценти
-
Муцунски на средба со македонската дијаспора во Швајцарија
-
Приведени двајца дилери, пронајден кокаин на подрачјето на СВР Струмица | ФОТО
-
Потрага во морскиот дел на Халкидики по македонска државјанка – пронајдена жива и здрава на копно
-
Без вода дел од Сопиште