-->
-->
НБА: Милвоки израмни на Истокот
-->
Кошаркарите на Милвоки триумфираа синоќа на домашен терен над Атланта со убедливи 125:91 во вториот натпревар од финалната серија во Источната конференција во НБА лигата и израмнија на 1:1 во серијата до четири победи.
Јанис Антетокумпо беше најефикасен во редовите на Милвоки со 25 поени, додавајќи и девет скокови во три четвртини колку што мина на теренот. Џру Холидеј додаде 22 поени, Брук Лопез 16, а Крис Мидлтон 15 кошеви и осум асистенции за Милвоки, кој го реши текот на натпреварот со серија од 20:0 во втората четвртина.
Победникот беше одлучен веќе по првото полувреме, кое Милвоки го доби со 77:45.
Третиот натпревар се игра в недела во Атланта.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски во Брисел
-
Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вице премиер за евроинтеграции
-
Бишев: Или подоцна во пензија или повисоки даноци
-
Родители бојкотираат настава во основното училиште “11 октомври”
-
Упатство за поефикасна работа
-
Министерство за правда: Оставката на Дамева е добар пример
-
ДУИ поднесе 4 интерпелации
-
Шефовите на дипломатиите на членките на НАТО се среќаваат во Брисел