-->
-->
НБА лигата стартуваше со убедлива победа на Кливленд и пораз на Г.Стејт
-->
Кошаркарите на Кливленд со убедлива победа ја започнаа новата сезона во НБА лигате додека најголемите фаворити за титулата Голден Стејт доживеа убедлив пораз.
Кливленд, актуелен НБА шампион, одбраната на шампионскиот прстен ја започна со убедливиот триумф над Њујорк 117:88.
Леброн Џејмс уште во првиот натпревар забележа „трипл-дабл“ (19 поени, 14 асистенции, 11 скокови). Кајри Ирвинг мечот го заврши со 29 поени, а Кевин Лав со 23 поени и 12 скокови.
Њујорк, кој состави амбициозен тим, на шампионот му пружи отпор само во првото полувреме. Кармело Ентони постигна 19, а Дерик Роуз 17 кошеви за Никси.
Вицепрвакот и според многумина најголемиот фаворит за освојување на титулата, Голден Стејт, во првиот меч доживеа дебакл против Сан Антонио 100:129.
Спарси во чии редови повеќе го нема Тим Данкан, кој по две децении замина в пензија, доминираа од првата до последната минута, во секоја од четвртините уфрлија најмалку 30 поени и заслужено победија.
Кавај Ленард со 35 поени го предводеше тимот, а брилијантен учинок имаше и Ламаркус Олдриџ (26 поени, 14 скокови).
Кевин Дурент со 27 поени и 10 скокови, односно Стеф Кари со 26 поени беа најефикасни кај Голден Стејт.
Портланд со победа стартуваше во новата сезона, благодарение на неверојатниот Демијан Лилард. Портланд ја совлада Јута 113:104, а Лилард постигна 39 поени. Јута на овој меч настапи без своите двајца најдобри играчи Хејворд и Фејворс.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово
-
Зеленски: Единствено народот на Украина може да одлучи за мојата оставка
-
Рубио: Зеленски треба да се извини
-
Реакции на европските лидери по прекинатата средба Трамп - Зеленски
-
Студентски протест „Големиот едикт“ во Ниш