-->
-->
НБА лига: Сан Антонио на една победа од Голден Стејт
-->
Во дуелот на двете најдобри екипи во НБА лигата ноќеска Сан Антонио го совлада Голден Стејт, но најмногу загубија гледачите бидејќи двата тима не играа во најдобрите состави. Кај Сан Антонио недостасуваа Тони паркер, Ламаркус Олдриџ и Каваи Ленард, додека кај Голден Стејт ги немаше Стеф Кари, Клеј Томпсон, Дрејмонд Грин, Андре Игудала и Кевин Дјурант. Најефикасен беше Пети Милс од Сан Антонио со 21 поен. Сега Голден Стејт има само една победа повеќе од ривалот.
Ноќеска се одиграа вкупно 12 натпревари, а кошеви за победа во последните секунди постигнаа Вашингтон и Феникс.
Резултати:
Оклахома Сити – Јута 112:104,
ЛА Клиперс – Филаделфија 112:100,
Детроит – Њујорк 112:92,
Шарлот – Њу Орлеанс 122:125 (по продолжение),
Орландо – Кливленд 104:116,
Мајами – Торонто 104:89,
Милвоки – Минесота 102:95,
Сан Антонио – Голден Стејт 107:85,
Далас – Феникс 98:100,
Мемфис – Атланта 90:107,
Портланд – Вашингтон 124:125 (по продолжение) и
Сакраменто – Денвер 92:105.
Пласман Источна конференција: Кливленд 43-21 (победи-порази), Вашингтон 41-24, Бостон 41-25, Торонто 38-28, Атланта 37-29, Индијана 33-32, Детроит 33-33, Милвоки 32-33,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 52-14, Сан Антонио 51-14, Хјустон 45-21, Јута 41-25, ЛА Клиперс 40-26, Оклахома Сити 37-29, Мемфис 36-30, Денвер 31-35,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски, поранешен полициски началник
-
Четири кривични пријави за екс директорот на СОЗР
-
Уставен суд го поништи солидарниот данок, државата ќе враќа 49 милиони евра
-
Муслиу не бил дискриминиран по полова и политичка припадност, одлучи Уставен
-
Студентското радио на УКИМ заминува во историјата
-
Пријава за 4 дела за Пеце Мирчевски
-
Полиција влезе во МВР – сомнеж во јавните набавки за сервис на полициските возила