-->
-->
НБА лига: Победи за Кливленд и за Голден Стејт
-->
Ланските финалисти во НБА лигата екипите на Кливленд и на Голден Стејт ноќеска остварија сигурни победи совладувајќи ги Њујорк односно ЛА Клиперс на домашен терен. Кај Кливленд Леброн Џејмс натпреварот го заврши со „трипл дабл“: 18 поени, 15 скокови и 13 асистенции. Во редовите пак на Голден Стејт, Стеф Кари постигна 35 поени, а Кевин Дјурант 25.
Ова беа први натпревари во НБА лигата по „ол стар“ викенд.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Орландо – Портланд 103:112,
Детроит – Шарлот 114:108 по продолжение,
Кливленд – Њујорк 119:104,
Њу Орлеанс – Хјустон 99:129,
Голден Стејт – ЛА Клиперс 123:113 и
Сакраменто – Денвер 116:100.
Пласман Источна Конференција: Кливленд 40-16 (победи-порази), Бостон 37-20, Вашингтон 34-21, Торонто 33-24, Атланта 32-24, Индијана 29-28, Чикаго 28-29, Детроит 28-30,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 48-9, Сан Антонио 43-13, Хјустон 41-18, ЛА Клиперс 35-22, Јута 35-22, Мемфис 34-24, Оклахома Сити 32-25, Денвер 25-32,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Остри реакции на помилувањата од претседателката
-
Мицкоски за 23. Октомври побара национална стратегија со МАНУ
-
Наградата 23. Октомври врачена на поетот Славе Димоски
-
Ќе се евидентира целиот имот на државата
-
Од утре вакцинација против грип кај здравствените работници на работно место
-
Тим од медицинска сестра, социјален работник, психолог и физиотерапевт ќе посетува семејства од социјален ризик
-
Општина Босилово почна со рециклирање на текстилот
-
Преглед на вести од светот