-->
-->
НБА лига: Минимален триумф на Детроит над Мајами
-->

Екипата на Детроит оствари победа со пресврт на гостувањето кај Мајами. На почетокот на вториот период Мајмаи имаше 18 поени предност (37:19), но во вториот период Детроит ја анулираше предноста и на полувремето водеше со 54:52.Мајами имаше две шанси за победа во последната минута, но ударите на Двејн Вејт и на Крис Бош беа непрецизни.
Детроит до победата дојде со шутот за три поени постигнаа 15 тројки од 29 обиди, но сепак ова не им е рекорд сезонава бидејќи на првиот дуел на овие две екипи одигран на 25.ноември реализираа 16 тројки.
Кај победникот Реџи Џексон постигна 18 поени, додека Андре Драмонд имаше „дабл-дабл“ 11 поени и 12 скока. Најпрецизен беше Крис Бош со 20 поени, а Хасан Вајтсајт имаше по 16 поени и скокови.
Резултати на ноќеска одиграните дуели: Филаделфија - Мемфис 90:104,
Мајами - Детроит 92:93,
Торонто - Далас 103:99,
Денвер - ЛА Лејкерс 107:111.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Мицкоски на увид на градежни активности на нова детска градинка во Кисела Вода
-
ЦУК: Активни пожарите во „Јасен“ и во атарот на селата Беловодица и Церово
-
Сончево и топло со локална облачност, за викендот температурите во опаѓање
-
Кратери повикуваат на мобилизација за натпреварот против Македонија Ѓорче Петров
-
Велика Британија: Подготвени сме да го браниме украинското небо
-
Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
-
ЦУК: Од вкупно 13 пожари на отворен простор, активни се четири
-
32-годишен скопјанец осомничен за разбојништво во Бучимци