Кошарка
7. March 2016 - 8:02

НБА лига: Лејкерси најдоа лек за шампионот

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс успеаја да го совладаа шампионот Голден Стејт пред своите навивачи во „Стејплс Центар“ со 112:95 (22:21; 38:28; 24.24 и 28:22). Одличната игра на целиот тим го сруши првакот, кои во своите редови немаше играч, кој можеше да повлече, па така Голден Стејт имаше „очајни“ 13% шут за три поени (4/30). Првите играчи на првакот Стеф Кари и Клеј Томсон беа најефикасни и постигнаа 18 односно 15 поени.

Кај „езерџиите“ дури седум играчи имаа двоцифрен учинок, а најпрецизни беа Џордан Клерксон - 25 поени и руки играчот Д‘Анџело Расел со 22. Коби Брајант постигна 12 поена.
Воедно ова беше првпат во НБА лигата по 60 и повеќе одиграни натпревари да играат два тима кои до овој дуел имаа учонок  над 90% (Голден Стеј 91.7 %) и под 20% (ЛА Лејхкерс 19 %).
По овој пораз Голден Стејт има скор од 55-6 (победи-порази), а ЛА Лејкерс 13-51.

Резултати на другите дуели:

Милвоки – Оклахома Сити 96:104,

Мемфис – Феникс 100:109,

Денвер – Далас 116:114 (по продолжение),

Детроит – Портланд 123:103,

Мајами – Филаделфија 103:98 и

Торонто – Хјустон 107:113.