Кошарка
30. December 2015 - 12:35

НБА лига: Кливленд со две победи на „Запад“

Кошаркарите на Кливленд остварија нова победа на гостински терен откако ноќеска го совладаа Денвер и сега имаа скор 2-2 (победи-порази) на последните четири натпревари, кои ги играат против екипи од Западната конференција. Решавачката предност за победата Кливленд ја направи во првиот дел, кој го доби со 53:42.
 
Најефикасен на дуелот беше Леброн Џејмс со 34 поени.
 
Екипата на Мемфис по продолжение успеа да стигне до победата над Мајами.
 
Резултати на ноќеска одиграните дуели во НБА лигата: 
Денвер – Кливленд 87:93, 
Мемфис – Мајами 99:90 (по продолжение), 
Њујорк – Детроит 108:96, 
Хјустон – Атланта 115:121 и 
Оклахома Сити – Милвоки 131:123.