-->
-->
НБА лига: Голден Стејт ја „запиша“ 30.та победа
-->
Екипата на Голден Стејт (шампион во НБА) прва стигна до 30.та победа во рамките на регуларниот дел од НБА лигата откако ноќеска на гости славеше победа над Хјустон. Реашавачката предност Голден Стејт ја направи во финишот на третиот период кога од 78:78 имаше серија од 12:4.
Втор натпревар по ред поради повреда го пропушта првиот играч на тимот Стеф Кари, а сега имаше одлични замени во Клеј Томсон кој постигна 38 поени и Драмонд Грин со „трипл-дабл“: 10 поени, 11 скокови и 16 асистенции. Кај Хјустон Џејмс Харден постигна 30 поени.
Резултати на ноќешните дуели:
Хјустон – Голден Стејт 110:114,
Оклахома Сити – Феникс 110:106,
Јута – Портланд 109:96,
Њу Орлеанс – ЛА Клиперс 89:95,
Детроит – Минесота 115:90 и
Индијана – Милвоки 116:120.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Началникот на ГШ на германската армија предупредува на сериозноста на заканата од Русија
-
Членовите на американскиот Конгрес од Демократската партија ветуваат дека ќе го одбранат УСАИД
-
МОН: Македонскиот одбор за акредитација на високото образование би можел да се реорганизира по модел на унгарскиот
-
Нормализиран сообраќајот на регионалниот пат Каласлари – Градско
-
Кривична против градежна инспекторка од општина Куманово
-
Маж од Свети Николе нападнал малолетник
-
За девет часа над 50 земјотреси во морскиот дел меѓу Санторини и Аморгос-најсилниот пет степени
-
Мицкоски: Интервенции во минималната кошница и пресметка со објективни параметри