-->
-->
НБА лига: Бостон на чекор до број 1 на Исток
-->

Со триумфот над Индијана на домашен терен постигнат ноќеска кошаркарите на Бостон се се поблиску до првото место на „Исток“, особено по поразот на шампионот Кливленд на гостувањето кај Денвер. Двата тима имаат идентичен број победи 46, а Бостон има два пораза повеќе од два натпревара повеќе одиграно.
На ноќешните дуели својот 35.ти „трипл-дабл“ го оствари Расел Вестбрук и тоа без промашување – 18 поени, 11 скокови и 14 асистенции.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Орландо – Шарлот 102:109,
Бостон – Индијана 109:100,
Чикаго – Детроит 117:95,
Оклахома Сити – Филаделфија 122:97,
Вашингтон – Атланта 104:100,
Денвер – Кливленд 126:113,
Сакраменто – Милвоки 98:116 и
Јута – Њујорк 108:101.
Пласман Источна конференција: Кливленд 46-24 (победи-порази), Бостон 46-26, Вашингтон 43-28, Торонто 42-29, Атланта 37-34, Милвоки 36-35, Индијана 36-35, Мајами 35-36,...
Пласман Западна конференција: Голден Стејт 57-14, Сан Антонио 54-16, Хјустон 49-22, Јута 44-28, ЛА Клиперс 43-29, Оклахома Сити 41-30, Мемфис 40-31, Денвер 34-37,...
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Идните амбасадори во Украина, Данска и Албанија ги презентираа приоритетите пред пратениците
-

Владата ги информира НАТО и ЕУ за студентските протести, СДСМ со контраобвинувања
-

Наместо расправа за заштита на жените од семејно насилство, во фокус законот за употреба на јазиците
-

ДЗР: Скринингот не е ефикасен - многу пациентки доцна дознаваат дека имаат рак
-

Забранета водата за пиење во осум охридски села
-

Преглед на вестите од светот
-

Втора сесија на стратешкиот дијалог во САД
-

Кампања на ДКСК за етичко и законито лобирање
