-->
-->
НБА лига: 40.та победа за Оклахома Сити
-->
Во НБА лигата ноќеска се одиграа само два натпревара на кои победи постигнаа домашните екипи Оклахома Сити и Милвоки. Оклахома Сити оствари победа над Њу Орлеанс со 121:95, а дури четири играчи (по двајца од секој тим) постигнаа по 23 поени. Кај победникот тоа беа: Кевин Дјурант и Расел Вестбрук, додека во редовите на поразениот тим беа: Ентони Дејвис и Џру Холидеј. За Оклахома Сити ова беше 40.та победа и се наоѓа на трето место во Западната конференција.
На вториот дуел Милвоки го совлада Вашингтон со 99:92, а најефикасен со 27 поени беше Крис Мидлтон од Милвоки. Двата тима имаат повеќе порази од победи и не се наоѓаат во зоната на екипи кои би играле во плеј офот.
Во НБА лигата ќе има неколку денови пауза бидејќи во Торонто се одржува традиционалниот „Ол стар викенд“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Meџити официјално е кандидат за Чаир, од ВРЕДИ ниту денеска не потврдија каде живее
-
Тема на денот со Бујар Османи
-
ВРЕДИ одлучи за првите кандидати
-
Совет за безбедност: Безбедноста е стабилна, пожарите под контрола, остануваме посветени на реформската агенда
-
Што одлучи Советот за безбедност?
-
Трамп ја преполови царината за Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ со свој кандидат за градоначалник и во Кичево - во тимот на Орце Ѓорѓиевски влезе и Ралев