НБА: Лејкерси славеа во Бостон
Легендарните екипи во НБА лигата Бостон Селтикс и ЛА Лејкерс одиграа неверојатен натпревар кој им припадна на „езерџиите“ 129:128. Победникот го реши поранешниот играч од шампионската генерација на Бостон, Режон Рондо во последната секунда.
Последната четвртина целосно им припадна на Лејкерси. Кошаркарите од ЛА успеаја да надоместат негатива од 14 поени, а четвртината во која погодија девет тројки ја добија со 42:27.
Две од тие девет тројки Лејкерси постигнаа во последните минути, најпрвин Леброн Џејмс израмни на 124:124, а потоа Кајл Кузма подоси за предност на ЛА 126:127.
Леброн Џејмс со трипл-дабл ги предводеше Лејкерси, тој забележа 28 поени, 12 скока и 12 асистенции. Уште четворица играчи блескаа кај „езерџиите“, Кузма постигна 25 поени, а по 17 поени постигнаа Рондо, Калдвел-Поуп и Џавал Мекги.
Бостон го предводеа Кајри Ирвинг со 24 поени, односно Џејсон Тејтум со 22 поени и 10 скока.
Расел Вестбрук ја продолжи импресивната серија. Во победата на Оклахома Тандер над Мемфис Гризлис 117:95, Рас го забележа осмиот трипл-дабл на последните осум натпревари (15 поени, 13 скока, 15 асистенции).
Пред Вестбрук е само Вилт Чембрлен кој во својата ера девет натпревари во нзиа завршил со трипл-дабл.
Инаку најефикасен кај Оклахома беше Пол Џорџ со 27 поени.
Хрватскиот репрезентативец Бојан Богдановиќ против ЛА Клиепрс одигра еден од своите најдобри мечеви во кариерата. Во победата 116:92 тој забележа 29 поени и 7 скока.
Покрај Богдановиќ, изминатата ноќ, се истакнаа уште двајца играчи од поранешните југословенски простори.
Јусуф Нуркиќ забележа 22 поени, 3 скока и 6 асистенции во победата на Портланд над Сан Антонио 127:118. Најефикасен кај Портланд беше Си Џеј Мекалум со 3о поени (седум тројки), а кај Сан Антонио се истакна Демар Дерозан со 35 поени.
Никола Вучевиќ мечот на Орландо против Минесота (122:112) го заврши со 21 поен и 10 скока. На спротивната страна Дарио Шариќ забележа 17 поени и 8 скока.
Мечот на кариерата го одигра крилниот центар на Торонто Репторс Паскал Сјакам (33 поени, 14 скока). Торонто инаку ја победија Атланта 119:101.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина