-->
-->
НБА кошарка во Лондон и Мексико Сити
-->
Мечевите кои се одиграа во Мексико Сити и Лондон ја обележаа ноќта во НБА лигата. Далас, во главниот град на Мексико, го победи Феникс 113:108, додека Денвер во англиската престолнина го декласираше тимот на Инсијана 140:112.
Денвер постигна 30 и повеќе поени во секоја четвртина поради што успеа да ја декласира Индијана во Лондон 140:112. Српскиот центар Никола Јокиќ со 22 поени, 10 скокови и 7 асистенции го шредводеше Денвер до 15-та сезонска победа.
Голденс Стејт без проблеми го совлада Детроит 127:107,: Вицепрвакот до триумфот го предводеа Дурент со 25, Кари со 24 и Томпсон со 23 поени. Сан Антонио му нанесе убедлив пораз на ЛА Лејкерс 134:94, Ленард уфрли 30, а Пау Гасол 22 поени. Њујорк против Чикаго славеше 104:89. Њујорк ја забележа втората победа на последните 11 натпревари во лигата. Бруклин загуби од Њу Орлеанс 95:104.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
За сигурни пензии ќе мора да се зголеми старосната граница за пензионирање
-
Стан од 96 квадрати во Центар продаден за 260.000 евра, најмногу продажби во Аеродром
-
„Приказната за Силјан“ - македонски кандидат за Оскар
-
Преглед на вестите од светот
-
Одложено судењето за тепањето млади фубалери
-
Генерички обуки за административни службеници - чекор кон европска администрација
-
Од 19-ти до 21-ви септември „Штипска пастрмалијада 2025“
-
Доброволното противпожарно друштво во Василево веќе активно делува на терен