-->
-->
НБА: Кари го „изрешета“ Вашингтон
-->
Стеф Кари, Џон Вол, двоецот на Оклахома Кевин Дурент и Расел Вестбрук, односно Виктор Оладипо и Ламаркус Олдриџ со своите индивидуални оставрувања ја обележаа иамината ноќ во НБА лигата.
Шампионот Голден Стејт гостуваше во Вашинготн, а навивачите во главниот град на САД присуствуваа на ’револверашка пресметка’ на Стеф Кари и Џон Вол. Голден Стејт го совлада Вашингтон со 134:121, а Кари постигна 51 поен, погодувајќи 11 од 16-те обиди за три поени. Кари го следеа Клеј Томпсон со 24 поени и Дрејмонд Грин кој оствари ’трипл дабл’ (12 поени, 10 скокови, 12 асистенции).
Кај Вашингтон блескаше Џон Вол со 41 поен и 10 асистенции, а покрај него се истакна и Бредли Бил со 18 поени.
Оклахома во драматичен натпревар славеше над Орландо 117:114, а победникот го реши Кевин Дурент со тројка во последната секунда. Дурент постигна 37 поени, додека Расел Вестбрук запиша нов ’трипл дабл’ (29 поени, 19 скокови, 14 асистенции). Кај Орландо блескаше Виктор Оладипо со 37 поени.
Ламаркус Олдриџ реализираше 36 поени, а Каваи Ленард 26 во победата на Сан Антонио над Њу Орлеанс 110:97. Сан Антонио на домашен терен има скор 27-0.
Шарлот го изненади лидерот на Истокот, Кливленд со триумфот од 106:97. Џереми Лин со 24 поени го предводеше Шарлот, додека кај Кливленд Кајри Ирвинг постигна 28, а Леброн Џејмс 23 поени.
Минесота славеше над ЛА Клиперс со 108:104 и ја прекина низата од 14 натпревари без триумф во првенството. Ендрју Вигинс беше стрелец на 31 поен за Минесота, додека Деандре Џордан со 15 поени и 18 скокови ги предводеше Клиперси.
На другите натпревари: Детроит загуби од Бостон (95:102), Атланта ја декласира Филалделфија (124:86), Бруклин загуби од Индијана (100:104), Чикаго го совлада Сакраменто (107:102), а Мајами беше подобар од Далас (93:90).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Уапсен врховниот судија Наке Георгиев фатен на дело со 10,000 евра мито
-
Приведен судија од Врховен суд за примање поткуп
-
Тема на денот со Срѓан Керим
-
Преговорите за Влада во напредна фаза, ВМРО-ДПМНЕ инсистира на квалитетни кадри од албанскиот партнер
-
Во среда прегласување на седум избирачки места, од полноќ изборен молк
-
Предупредувања од Европската Комисија за Преспанскиот договор
-
Владата не дава 100 евра по жител, пораките се лажни!
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци