НБА: Харден незапирлив, Богдановиќ јунак на Сакраменто

Извонредна вечер во НБА лигата на Џејмс Харден и Богдан Богдановиќ. Ѕвездата на Хјустон го предводеше својот тим до победа над Бостон од 127- 113 со 45 постигнати поени со што го продолжи инзвонредниот просек на последните 8 натпревари на кои постигнува повеќе од 30 поени. Покрај Харден добро одиграа и Капела со 24, односно Гордон со 20 поени. Во редовите на Бостон најзабележителен беше Кајри Ирвинг со 23 поени и 11 асистенции.
И Сакраменто има свој јунак, тоа е Богдан Богдановиќ кој со тројка во последната секунда донесе победа за „кралевите“ во дуелот со ЛА Лејкерс од 117-119.
Првата тројка со истекот на сирената донесе голема радост кај домашните фанови иако противникот играше без својата најголема ѕвезда Леброн Џејмс. Причина е секако огромната предност од 15 поени што тимот од Лос Анџелес ја имаше на полувремето.
Богдановиќ постигна 23 поени од кои 12 во последните 5 минути од мечот.
Ново на Сител
-

Се проширува истрагата за ботоксите - уапсени двајца доктори
-

Уапсени двајца членови на Беланоца
-

Министерот за здравство во заминување очекува Законот за заштита од пушење цигари да се изгласа до август
-

Тема на денот со Методиј Хаџи Јанев, професор
-

Македонија е пред дел од Европа според БДП по жител, покажува анализа на „Ворлд Атлас“
-

Органодонорството шанса за нов живот
-

Драма на летот над Македонија
-

Ќе има ли нови изборни правила до 15 јули? Власта со нов повик до опозицијата
