-->
-->
НБА: Драмонд донесе нова победа за Детроит
-->

Екипата на Детроит ја постигна шестата победа во лигата откако ноќеска пред своите гледачи го победи Кливленд со 104:99. Најдобар поединец на дуелот беше Андре Драмонд со 25 поени и 18 скокови („дабл-дабл“ учинок има на сите 11 натпревари), додека Реџи Џексон имаше 23 поени и 12 асистенции. Во редовите на Кливленд најефикасен беше Леброн Џејмс со 30 поени (23 ги постигна во првото полувреме).
Џејмс воедно стана 19.ти на листата на стрелци во историјата на НБА лигата со 25.213 поени и успеа да го мине Џери Вест (25.192 поени) и пред него сега е Реџи Милер (25.279 поени).
Шампионот Голден Стејт ја продолжи серијата победи откако и во 12.тиот натпревар славеше триумф над Торонто на домашен терен.
Резултати на ноќеска одиграните натпревари:
Вашингтон – Милвоки 115:86,
Бруклин – Атланта 90:88,
Детроит – Кливленд 104:99,
Мајами – Минесота 91:103,
Њујорк – Шарлот 102:94,
Њу Орлеанс – Денвер 98:115 и
Голден Стејт – Торонто 115:110.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Протест пред Усје, граѓаните бараат итна дислокација
-

Протест пред Усје
-

Тема на денот со Марјан Ѓорчев, поранешен амбасадор во Софија
-

Статус кво се активностите за непотребни кардиохируршки интервенции
-

Преглед на вестите од светот
-

4 години затвор за поранешниот директор на Геријатрија
-

Судијата Ѓоко Ристов не бил под ПИ-мерки, парите почнале да паѓаат од ѕидот по мало кршење
-

Излизгани автобуси, затворени патни правци, отежнат сообраќај - снегот предизвика главоболки на службите
