-->
-->
НБА: Доминација на Харден и Вестбрук
-->
Џејмс Харден, Расел Вестбрук и Еван Фурније со своите индивидуални остварувања ја одбележа ноќта помеѓу средата и четвртокот во НБА. Харден постигна 45 поени, Вестбрук два поени помалку, а Фурније со тројка на три секунди до крајот му донесе победа на Орландо.
Џејмс Харден оствари ‘дабл дабл’ од 45 поени и 11 асистенции и го предводеше Хјустон до триумфот над Портланд (108:103). За Хјустон ова беше првиот меч без тренерот Мекхејл, кој пред два дена доби отказ. Портланд го предводеше Демијан Лилард со 23 поени.
Оклахома славеше над Њу Орлеанс (110:103), а во отсуство на Кевин Дурент одново блескаше Расел Вестбрук (43 поени, 9 скока, 8 асистенции). Вестбрук одлично го следеше Енес Кантер (24 поени, 14 скокови), додека ниту еден друг играч на Оклахома не постигна повеќе од девет поени.
Еван Фурније постигна 26 поени, вклучувајќи ја и тројката на три секунди до истекот на продолжението, со која Орландо славеше над Минесота (104:101). Минесота и на овој натпревар ја предводеа младите Ендрју Вигинс (28 поени) и Карл-Ентони Таунс (21 поени, 12 скока).
Резултати: Шарлот-Бруклин 116:111, Филаделфија-Индијана 85;112, Орландо-Минесота 104:101, Бостон-Далас 102:106, Атланта-Сакраменто 103:97, Хјустон-Портланд 108:103, Оклахома- Њу Орлеанс 110:103, Сан Антонио-Денвер 109:98, Јута-Торонто 93:89, Феникс-Чикаго 97:103.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Силјановска Давкова не кажа „Северна“ при заклетвата во Собрание
-
Силјановска-Давкова ја презеде претседателската функција од Стево Пендаровски
-
Грчката амбасадорка Филипиду ja напушти седницата, Силјановска-Давкова во заклетвата користеше Македонија
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња