НБА: Чудо во Бостон
Кошаркарите на Бостон Селтикс ја продолжија доминацијата во НБА лигата и ја забележаа 14.победа во низа. Пред „казнената експедиција“ од Бостон падна актуелниот првак Голден Стејт Вориорс (92:88) и покрај тоа што Селтикс во третиот период имаа негатива од 17 поени.
Сезоната за Селтикс започна лошо, откако во првиот меч по само пет минути игра тешко се повреди големото засилување Городон Хејворд. Екипата на Бред Стивенс ги загуби првите две средби, а птооа влезе во серијата на победи која не успеа да ја прекине ниту актуелниот првак.
Бостон и покрај негативата од 17 поени, мечот со Голден Стејт успеа да го однесе во неизвесна завршница. На 82 секунди до крајот Клеј Топмсон постигна поени за предност на Вориорс (88:86). Поените на Томпсон беа последни за Голден Стејт на мечот кој Бостон го заклучи со серија од шест коша. Вориорс до крајот промашуваа, а Бостон поентираше од линијата за слободни фрлања.
Џејлен Браун со 22 поени и 7 скока беше предводникот на Селтикс, Ал Хорфорд оствари „дабл-дабл“ од 18 поени и 11 скока, а Кајри Ирвинг забележа 16 поени, 5 скока и 6 асистенции.
Кевин Дурент беше единствениот расположен играч на Голден Стејт, тој постигна 24 поени, додека потфрли Стеф Кари со само 9 поени (3/14).
Ново на Сител
-
Инспекторите на терен, деновиве ќе следат првите казни
-
Љутков: Во новиот буџет ставаме акцент на националните културни установи
-
Преглед на вестите од светот
-
Судскиот совет будно ја следи состојбата по реакциите на јавноста за смртта на Фросина
-
Синдикатите, газдите и владата седнуваат на заедничка маса
-
Министерството за култура ќе поддржи 1365 проекти од национален интерес
-
Подигнување на свеста за органодарителство
-
Преглед на вестите од светот