Навредливи коментари на релација Џо Бајден - Доналд Трамп
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека поранешниот американски потпретседател Џо Бајден е слаб и физички и ментално, откако тој рече дека „би го претепал Трамп во средно училиште“.
Бајден претходно изјави дека никогаш не би дебатирал со човек кој станал „национален лидер“ зборувајќи дека „може да ја фати секоја жена за што и да сака, а неа тоа би и се допаднало“.
- Да сме во средно училиште, би го одвел зад салата за физичко и би го претепал. Сум бил во многу соблекувални во текот на својот живот, ѓаволски добар сум спортист. Оние кои зборуваа, како што зборува Трамп - обично беа најдебелите и најгрдите кучкини синови во просторијата, рече Бајден.
Следуваше жестока реакција од Трамп.
Лудиот Џо Бајден се обидува да се однесува како опасно момче. Всушност, тој е слаб - и ментално и физички, но и натаму ми се заканува со физички напад, веќе вторпат. Тој не ме знае, но брзо и силно би паднал, плачејќи цело време. Џо, не им се заканувај на луѓето, напиша Трамп на Твитер.
Ново на Сител
-
Реконструкција на Охридскиот аеродром и Скопската болница
-
Преглед на вестите од светот
-
Чествување на Свети Ѓорѓи Кратовски
-
Избори во Германија
-
Мицкоски: Не знам дали ќе успеам но не се откажувам
-
Предлогот за разрешување на обвинителот Коцевски, во вторник на Владина седница
-
Премиерот Мицкоски негира партиски вработувања во администрацијата, СДСМ бара истрага
-
СДСМ обвинува дека на Меџити му се одземени ингеренциите поради мито од фирми и граѓани, Мицкоски негира