Навивачите на Манчестер Јунајтед најавуваат протестен марш во недела
Нема мир во Манчестер Јунајтед. Во недела од 17 часот и 30 минути на „Олд Трафорд“ не ги чекаат само играчите на Арсенал, туку и протести, кои ги најавија навивачите.
Навивачката група на Манчестер Јунајтед „1958“ ги повика сите приврзаници на „ѓаволите“ да го изразат своето противење на начинот на кој се води клубот со облекување црно и приклучување на протестниот марш пред неделниот натпревар против Арсенал на „Олд Трафорд“.
- Нашиот клуб минува низ тежок момент. Луѓето имаат право на протест. Тие се дел од нашиот клуб, тие секако имаат глас, а мојата работа е да го подобрам тимот и да им дадам нешто во овој момент бидејќи тие го заслужуваат тоа. Можеме само да играме добро и да победуваме, изјави менаџерот Рубен Аморим на прашање за протестот.
Ново на Сител
-
Без струја делови од Аеродром, Карпош и Кисела Вода
-
Нови претреси и распити во истрагата за пожарот во Кочани, пет пациенти во критична состојба
-
Денес продолжува судењето за убиството на Вања и Панче
-
Американскиот државен секретар на својот турски колега му ја изрази загриженоста од апсењата и протестите во Турција
-
Трамп: Можно е Русија и Путин да одолговлекуваат со мировниот договор
-
Најмалку 22 загинати во шумските пожари во Јужна Кореја
-
Променливо облачно со повремен дожд
-
Приведен дрвокрадец од скопско