Научниот фонд на МАНУ преку Википедија на македонски јазик достапен за јавноста
Во библиотеката на Македонската академија на науките и уметностите ќе се воспостави функцијата матичен википедијанец (Wikipedian in Residence), овозможено со потпишување на Меморандумот за соработка помеѓу МАНУ и „Споделено знаење“, застапник на светската Викимедија фондација.
- Главна задача на матичниот википедијанец во библиотеката на МАНУ ќе биде наоѓање и употреба на материјали од богатиот научен книжен фонд од сите научни области за поквалитетно, веродостојно и референцирано уредување и создавање на статии на слободната интернет енциклопедија Википедија на македонски јазик, а воедно и отсликување, односно скенирање и дигитализирање на книги во согласност со авторските права, кои потоа ќе бидат достапни за слободно користење на широката научна и општествена јавност, соопшти МАНУ.
Светската Викимедија фондација во 2010 година го почна проектот за воспоставување ваква соработка со врвни научни и образовни установи во светот, со цел уредување и споделување на поквалитетни и поверодостојни податоци.
Досега се опфатени над 110 институции, меѓу кои Британскиот музеј, Националниот архив на САД, националните библиотеки на Велика Британија, Данска, Израел. По потпишување на ваков договор со Државниот Архив, МАНУ е втора установа во Македонија во која ќе се воспостави матичен википедијанец.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Дејан Мираковски, ректор на Универзитет „Гоце Делчев“
-
Tрамп со порака против независна Палестина
-
Експерти: Системската корупција е најголема безбедносна закана за државата
-
Филипче реагира на изјавата на Мицкоски
-
Секој петти Македонец живее во сиромаштија
-
Трамп денеска говори на ОН
-
Реакции по условната казна за онкологот Пешевска
-
Цело Скопје е затрупано со ѓубре, неизвесно е дали утре ќе возат автобусите на ЈСП