-->
-->
Научник со апокалиптични прогнози: Ситуацијата е алармантна, сите земји во светот влегоа во црвено
-->
Научниците веќе со години предупредуваат како Земјата се загрева и како се повеќе се зголемува температурата која влијае на климатските промени и на нашите животи, но колку пати и да ги повторат тие научни факти, толку пати некако одмавнуваме со рака и велиме дека летата секогаш биле жешки, а зимите ладни. Вистина, така е, но податоците покажуваат како во изминатите 150 години температурата ширум светот пораснала барем за половина, во просек за еден целзиусов степен.
Липонен, истражувач од финскиот Метеролошки институт собра мерења од просечните температури ширум светот и направи визуализација која од една страна е интересна да се погледне, но од друга покажува застрашувачки податоци. Земјата станува се потопла. Липонен во својата визуализација опфати податоци од 191 земја и покажа колку температурите во тие земји се промениле во однос на просечната температура која НАСА тоа го забележала измеѓу 1951. и 1980 година.
На почетокот на визуализацијата сите земји се означени со сини кругови (температурата ниска од просекот), но како времето поминува тие кругови стануваат црвени и големи. Најголема промена е забележана во овој век кога круговите на екранот се црвени и големи.
Липонен предупрдува дека растот на температурата од 2 степени целзиусови е доволен да влијае на климата и климатските промени. Некои земји таа температура веќе ја достигнале.
- Без оглед на тоа како ова го гледате, промените изгледаат застражувачки, предупредува Липонен на Твитер, преставувајќи го видеото.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Повеќе од една година на незапирлив раст: Како НАН го трансформираше пазарот за наплата на побарувања во Македонија
-

АХВ: Спорната бебешка храна на HiPP не е увезена во Македонија
-

Сведок на судењето за „Пулс“: Се заглавив меѓу вратите, обезбедувањето ме извлече во последен момент
-

Бројот имигранти во ЕУ достигнал рекордни 64,2 милиони
-

Автобус се преврте на патот кон бугарско-турската граница кај Мало Трново, има загинати и повредени
-

Зголемена стапката на даночно затајување во Грција – на прво место автосервисите
-

Воени планери во Лондон на разговори за мисија во Ормуската Теснина
-

Вембањама доживеа потрес на мозокот во натпревар од плејофот на НБА
